Официјалниот HarmonyOS профил само што ја објави листата на 65 уреди од портфолиото на Huawei и Honor, кои се подобни за ажурирање на софтверот. Стабилниот OS е достапен за долгата листа на телефони и таблет уреди, но моментно само за варијантите за Кина.

Huawei претходно вети дека околу 100 уреди ќе бидат префрлени од Android на Harmony OS 2.0 и убаво е да се види дека речиси две третини сега се подготвени да добијат стабилна верзија на платформата. Интересно е дека листата ги вклучува и теелфоните како што се Honor 20 и Honor View 20, кои глобално пристигнуваат со сервисите на Google

Се очекува дека оваа листа на подобни уреди ќе се прошири во текот на првата половина на 2022. година, од постарите телефони, како што се Huawei Mate 10, Mate 9, P20 и P10 серијата.

Исто така, очекуваме и повеќе информации за тоа кои уреди од глобалната сцена од EMUI платформата ќе преминат на Huawei HarmonyOS.