Во овој момент, Face ID е достапен само на неколку производи на Apple, а тоа ги вклучува и iPad Pro моделите од повисок сегмент, како и премиум iPhone моделите. Остатокот од производите на компанијата и натаму го користат Touch ID.
Меѓутоа, според наводите на дојавувачот Марк Гурман, тоа ќе се промени во иднина. Гурман тврди дека Apple во некој момент ќе го овозможи Face ID за својата целосна линија производи. Тој истакнува дека технологијата ќе биде достапна за Mac, iPad и iPhone линиите, каде сите компатибилни модели ќе добијат Face ID. Според наводите, Apple би сакал во целост да го отфрли Touch ID, но поради тоа што се работи за поевтина алтернатива за Face ID, која и натаму нуди добра сигурност, Touch ID е задржан.
Една од причините, поради кои актуелните Mac компјутери не поддржуваат Face ID е тоа што екраните се премногу тенки и не можат да имплементираат сензор за длабочина.