Норвежаните со стравопочит го набљудувале импресивното паѓање на метеор во ноќните часови. На кратко ги осветли југоисточните делови на земјата, помеѓу кои и Осло.

Оние кои имале можност да го видат паѓањето на метеорот истакнале дека во тој момент се појавиле и многу гласни звуци. Од полицијата било потврдено дека добиле неколку повици од вознемирени граѓани, но никој не пријавил повреда или материјална штета.

Експертите претпоставуваат дека метеорот паднап во шумското подрачје кај главниот град. Од Норвешката мрежа за метеори објавиле дека се појавил еден час после полноќ по локално време и дека бил видлив најмалку пет секунди. Истакнато е дека паднал со брзина од 16,3 километри во секунда.

Норвешкиот астроном, Вегард Река во разговор за Би Би Си наведе дека неговата сопруга била будна во тој момент, кој го опишала “како небото да се тресеше”, а потоа се случила експлозија која била уверена дека се случила во близина на нивната куќа.

Кога се разбудил тој погледнал видеа од случката за кои рекол дека се фантастични. Тој смета дека ова е реткост за Норвешка, но и во светот. Нагласил дека експертите биле испратени на подрачјето за кое се верува дека се наоѓа метеорот.

Првобитните информации велат дека паднал во шумата Финемарк, која е на 60 километри од Осло. Метеорот би можел да биде тежок најмалку 10 килограми.

Астрономот Река укажал дека не е многу голем, но дека е посебен бидејќи многумина го виделе и чуле.

Вакви падови на метеори се ретки на Земјата, но еден повредил најмалку 1.600 лица и направил материјална штета, а тоа се случило во Русија во 2013 година.

Извор: Додај Гас