Алатката на Microsoft за проверка на системот од самиот старт беше неуредна. Заедно со Windows 10, компанијата објави алатка која му даваше на корисникот информации за тоа дали неговиот систем е компатибилен за претстојната надградба на Windows 11.
Речиси веднаш почнаа да се појавуваат проблеми бидејќи алатката не даваше информации зошто некои системи не го поминале тестот, само информираше дека системот не е компатибилен. Ова доведе до објава на ажурирање кое известуваше која компонента правела проблем. Многу корисници открија дека во прашање бил нивниот процесор. Во моментов, Intel процесорите пред 8. генерација и Zen 1 чиповите не ги исполнуваат условите за надградба.
Microsoft оттогаш го објави следното соопштение: „Уверени сме дека уредите што ги користат Intel процесорите од 8. генерација и AMD Zen 2, како и Qualcomm 7 и 8 сериите, ќе ги исполнат нашите принципи за безбедност и сигурност и минималните системски барања за Windows 11. Со Windows инсајдерите и партнерите ќе спроведеме тестови со партнерите за да ги идентификуваме уредите што ги користат Intel процесорите од 7. генерација и AMD Zen 1, кои можеби ги задоволуваат нашите барања. Се обврзуваме дека ќе ги делиме резултатите на овие тестови со текот на времето, како и дополнителни технички објави“.
Се надеваме дека ова значи дека постарите компјутери, кои всушност не се толку стари, ќе можат да го покренуваат Windows 11 кога ќе се појави.