Претходните гласини сугерираа дека Honor V40 ќе биде објавен на 12. јануари, а сега е потврдено дека телефонот ќе пристигне на 18. јануари и ќе има 5G поддршка.

Honor објави и видео тизер на Weibo, укажавајќи на она што го донесува V40. Смартфонот  има закривен екран, со издолжен punch-hole отвор за две селфи камери во горниот лев агол.

Телефонот од десната страна на рамката има копчиња за вклучување и јачина на звук, додека на долниот дел има слот за SIM картичка, микрофон и звучник.

Honor сè уште не објави детали за V40 моделот, но од претходно протечените информации дознавме дека уредот ќе користи Dimensity 1000+ чипсет со 5G поддршка и дека ќе има екран од 120Hz.

Покрај тоа, Honor V40 е сертификуван со поддршка за 66W брзо полнење и 50W безжично полнење, со тоа што капацитет на батеријата сè уште е непознат.

Honor V40 пристигнува со Dimensity 1000+ чипсет и 90Hz екран