Аналитичарот на Bloomberg, Марк Гурман во својот извештај „Power On“ сугерира дека инженерите и дизајнерите на Apple ја истражуваат можноста за создавање на iPad Pro уреди со поголеми екрани од сегашните 11 и 12,9-инчи. Сепак, се сугерира дека таблет уредите нема да бидат достапни барем уште неколку години.
Apple сега е во процес на освежување на iPad Pro серијата за 2022 година. Компанијата објави само 12,9-инчен модел со mini-LED екран, додека 11-инчниот остана без овoj дисплеj поради недостиг на залихи. Покрај тоа, mini-LED панелите од 14 и 16 инчи се резервирани за новите MacBook лаптопи, кои се очекуваат подоцна во текот на годината.
Откако ќе се опорави синџирот на снабдување, Apple може да почне да размислува за зголемување на производството за да има доволно панели и за поголемите iPad Pro модели. Од друга страна, ова можеби никогаш нема да се спроведе во дело. Компаниите често создаваат прототипи и истражуваат нови можности, а само некои од нив ќе станат конкретни комерцијални производи.