Откако неодамна имавме прилика да го видиме Honor 9X, сега се појавија и скици за Honor 9X Pro, а ни ги овозможи Еван Блас (@evleaks). Двата телефона имаат идентичен дизајн и ги делат истите pop-up селфи камери, со тоа што Pro моделот ќе има поголем дисплеј, троен систем на камери на задната страна и 3,5 мм приклучок за слушалки.

Според претходно протечените спецификации, Honor 9X Pro би требало да има 48MP Sony IMX582 главна камера, со 8MP широкоаголен сензор и 2MP depth камера. Дисплејот би требало да се состои од LCD панел, дијагонала помеѓу 6.5 и 6.7 инчи. Дизајнот ќе го сочинува стакло од двете страни, помеѓу кој е сместена метална рамка.

Очекуваниот процесор е Kirin 810, а споменати се и 25MP селфи камера, 4000mAh батерија со 20W брзо полнење. Honor 9X серијата телефони ќе дебитира на 23. јули во Кина.