Samsung наскоро ќе претстави нови паметни часовници, кои ќе ја користат Wear OS платформата со One UI интерфејс. OnLeaks и GizNext сега ни овозможуваат увид во дизајнот на претстојниот Galaxy Watch Active4 модел.
Galaxy Watch Active4 ќе имплементира малку поинаков дизајн во споредба со заоблените страни на тековниот модел Active2. Новиот облик помага да се нагласат тенките рамки околу дисплејот.
Watch Active4 нема физички ротирачка рамка. Стаклото преку екранот е рамно, а и отворите изгледаат поинаку, што сугерира дека Samsung планира да се префрли на сопствените ремени.
Според достапните информации, Galaxy Watch Active4 ќе биде достапен во големини од 40 мм и 44 мм и се очекува во четири бои: црна, златна, сребрена и зелена. Треба да се напомене дека рендерите се креирани само со цел да го илустрираат паметниот часовник и не мораат да бидат 100 проценти точни.
Информациите од претходно ги потврдија потенките рамки за часовникот, поддршката за TizenWear OS (што подоцна Samsung го потврди), како и 5nm чипсет. Беше споменато i постоењето на еден алуминиумски модел и еден од не’рѓосувачки челик, а ќе има и Wi-Fi only i LTE верзии на часовникот.