Минатата година Redmi го претстави Redmi Note 11T 5G во Индија, кој е достапен во Кина како Redmi Note 11. Сега брендот објави дека подоцна овој месец на домашниот пазар ќе го претстави Redmi Note 11T Pro.

Пред неколку дена се појавија информации за два модели на Redmi Note и се шпекулираше дека тоа ќе бидат Redmi Note 12 и Redmi Note 12 Pro. Сепак, изгледа станува збор за телефоните Redmi Note 11T и Redmi Note 11T Pro и сега Redmi го потврди тоа.

Имено, брендот на Xiaomi објави фотографија со која го најавува доаѓањето на телефонот Redmi Note 11T Pro. За жал, спецификациите на телефонот не се откриени, но Redmi изјави дека овој телефон ќе има „перформанси на турбо ниво од сите аспекти“.

Лу Веибинг од Redmi додаде дека овој телефон всушност ќе биде надградена верзија на еден телефон од серијата Redmi Note 10, Redmi Note 10 Pro, кој се напојува со чипот Dimensity 1100 во Кина. Иако Redmi официјално не го објави и доаѓањето на обичниот Redmi Note 11T, постојат сите шанси тој да пристигне заедно со верзијата Pro.

Се чини дека сега коцките се преклопија и дека Redmi Note 11T и Redmi Note 11T Pro се всушност телефони со броеви на модели 220412163C и 22041216UC. Така, 3C сертификатите открија дека првиот, веројатно Redmi Note 11T, ќе пристигне со поддршка за брзо полнење од 67 W, додека вториот модел ќе има поддршка за брзо полнење од 120 W. Двата телефони ќе пристигнат со поддршка за 5G. TENAA сертификацијата претходно откри дека димензиите на двата телефони се 163,64 mm x 74,29 mm x 8,8 mm и двата ќе имаат екрани од 6,6 инчи.

Redmi Note 11T би можел да има батерија од 4980mAh со поддршка за брзо полнење од 67W, додека Redmi Note 11T Pro наводно ќе има батерија од 4300mAh.