Досега имавме можност да видиме неколку видови на електронска кожа, од онаа што самата се санира до онаа што изгледа сосема реално, но ниту еден од овие производи не се најде во масовна употреба. Сега на Универзитетот за наука и технологија Кинг Абдулах (KAUST) е развиен нов вид вештачка кожа.

KAUST објави информации за нова е-кожа што може да ja имитира цврстината, растегливоста и чувствителноста на вистинската човечка кожа.

„Идеалната е-кожа ќе имитира многу функции на човечката кожа, како што се чувството на температура и допир, прецизно и во реално време“, изјави научникот Јичен Каи.

Оваа е-кожа е различна од другите бидејќи содржи 2D сензори.

„Електрониката на кожата се менува, а појавата на 2Д сензори ги забрза напорите за интеграција на овие тенки, механички цврсти материјали во функционална и издржлива вештачка кожа“, додаде Каи.

Таа и колегите развија реална е-кожа користејќи хидрогел засилен со наночестички силициум диоксид и 2D титаниум карбидот MXene, а се е поврзано со наножици.

„Повеќе од 70 проценти од хидрогелите ги сочинува вода, поради што се многу компатибилни со човечките кожни ткива“, истакна научникот Џи Шен.

Е-кожата останала недопрена дури и кога се растегнала до 28 пати во однос на нејзината оригинална големина, можела да „почувствува“ предмети на оддалеченост од речиси 20 см, да одговара на дразбите за помалку од една десетинка, а кога се користела како сензор за притисок, можела да декетира пишување со молив на себе.

Научниците тврдат дека оваа е-кожа може да се користи за собирање биолошки податоци во реално време, како и за протетика од следната генерација, персонализирана медицина, роботика и вештачка интелигенција.