Се појавија нови гласини, кои сугерираат дека до крајот на годината би можеле да видиме нови MacBook Pro модели, а покрај нив може да се појави и нов Mac mini.
Според информациите објавени од дојавувачот @dylandkt, новите 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro модели дефинитивно ќе бидат објавени во текот на четвртиот квартал оваа година, во текот на октомври или ноември. Тој тврди и дека новите лаптопи може да пристигнат заедно со нов Mac mini, а сите споменати модели ќе го користат M1X чипот.
Веќе го видовме можниот дизајн на споменатите уреди, кои ги објави Џон Просер во соработка со дизајнерите. Рендерите покажуваат дека новите лаптопи би можеле повторно да имплементираат HDMI пора, а Touch Bar ќе биде заменет со физички функциски копчиња на тастатурата. Mac mini може да добие четири Thunderbolt портови и магнетен полнач.
Неодамнешните гласини споменуваат дека снабдувачите на Apple наскоро би можеле да започнат да работат на нови 4nm процесори, кои ќе ги покренуваат идните Mac уреди, а тоа ќе бидат M1X чипови.