Во текот на изминатата недела, Windows 11 build се појави онлајн, давајќи ни прв увид во претстојниот оперативен систем. Новата надградба, покрај визуелните измени, донесува и виџети во следната верзија на Windows.

Оние кои користеле Windows 7 во минатото, секако знаат за опцијата со виџети. Во Windows 11 верзијата, опцијата за виџети претставува само News and Interests, а оваа опција беше објавена и за Windows 10 на почетокот на оваа година.

Меѓутоа, доверливиот Microsoft инсајдер Walking Cat тврди дека Microsoft планира да додаде поддршка за екстерни виџети, што ќе им овозможи на корисниците да го прилагодуваат менито за виџети по своја желба. Сепак, на почетокот, Windows 11 ќе ги поддржува само изворните виџети на Microsoft.

Microsoft се очекува да го претстави Windows 11 подоцна оваа недела, а оперативниот систем имплементира побрувања на перформансите, нови функции и ги спојува Windows 10 и Windows 10x верзиите.