Американците веќе имаат свое роботско куче, произведено од Boston Dynamics, а сега и Кинезите имаат свое.
Американскиот Spot чини 74.500 долари, додека цената на кинескиот Unitree Go1 е 2.700 долари. Многу подостапно, нели?
Unitree Go1 може да трча со брзина од 17 км/ч и на тој начин да ви биде партнер за трчање, а може да ви ги носи работите што би ви пречеле во трчањето, како паричник, телефон, шише со вода…
Барем така велат Кинезите во видеото во кое го претставија Go1.
Тие сакаат механичкото куче да биде достапно и ова засега е само демо верзија бидејќи најавија дека ќе го подобрат.
Роботското куче е тешко 12 килограми и ќе има три верзии, кои ќе се разликуваат во процесорите и сензорите. Колку е поскапо кучето, толку е подобро.
Go1 Air е најевтин (2.700), обичниот Go1 чини 3.500 долари, а Go1 Edu чини 8.500 долари.
Извор: B92.net