Иако буквално сите автомобилски производители забрзано се движат кон замена на конвенционалните автомобили во гамата која ја нудат, резултатите од неодамна објавена студија покажуваат дека доколку транзицијата кон електрични автомобили е единствената акција во смисла на постигнување амбициозни климатски цели, тоа не е доволно за среќен крај во таа борба

Документот на кој се повикува овој извештај е објавен од организацијата за климатски промени кои се случуваат во природата (Nature Climate Change) и во него се заклучува дека масивниот премин кон електромобилност можеби нема да помогне доволно, или до степен до кој се надеваат и производителите и купувачите на автомобили.

Група истражувачи со знаење од областа на инженерството од Универзитетот во Торонто спровеле студија во која како тест пазар е искористен американскиот. Изборот се заснова на фактот дека во Америка, голем број автомобили се во сопственост по глава на жител. Тимот експерти осмислил компјутерски модел кој може да се искористи за да се пресмета колку електрични возила му се потребни на светот, со цел да се задржи зголемувањето на просечните глобални температури на +2 степени Целзиусови до 2100 година, во споредба со оние што беа карактеристични за времето пред индустриската револуција.

За време на тој процес, тие исто така го пресметале таканаречениот јаглероден буџет, кој практично открива колку електрични автомобили му требаат на човештвото за да емисиите се задржат во рамките на вредностите ограничени со споменатиот буџет.

По спроведеното истражување, заклучокот е дека Америка треба да поседува околу 350 милиони електрични возила на патиштата до 2050 година, што би чинело околу 90% од тогашната флота на возила во јавниот превоз во САД.

Водечкиот експерт за проектот, Александра Милованов, вели дека моменталното учество на електричните автомобили во вкупната флота на возила е на ниво од 0,3%. Цитирајќи го Phys Org, вели следново:

„Вистина е дека продажбата на електрични автомобили расте со драстична брзина, но дури и најоптимистичките предвидувања во таа смисла сугерираат дека само секој втор автомобил на улиците на Америка ќе биде електричен до 2050 година“.

Во документот посебно значење се придава на директната врска помеѓу преференциите на клиентите за електрични возила и развојот на инфраструктурата за полнење на батериите на истите, што ќе создаде дополнителна напнатост во идниот процес на масовна електромобилност.

Судејќи според наодите на овие експерти, околу 350 милиони електрични автомобили, бројка спомената во воведниот дел, ќе бара дополнително производство на електрична енергија од околу 1.730 TWh, што е околу 41% од тековната потрошувачка на електрична енергија. Ова може да се обезбеди само преку реализација на обемни инвестиции и изградба на нови централи, од кои некои ќе треба да користат фосилни горива за производство на електрична енергија. Секако, тука би се појавиле и дополнителни проблеми поврзани со испорака на материјалите, при што акцент се става на литиумот, манганот и коблатот, кои се клучни за производството на ќелиите на батериите.

Затоа, сите цели поврзани со достигнување на климатските цели со едноставно форсирање на електромобилноста се прилично нереални, заклучува овој тим.

Извор: Додај Гас