Местото во ракетата со милијардерот Џеф Безос продадено е во саботата на аукција за 28 милиони американски долари, со што заврши едномесечното наддавање за излет во вселената со „Блу ориџин“ идниот месец.

Идентитетот на лицето кое го платило тој износ не е објавено.

Наддавањето заврши седум минути по почетокот на аукцијата која е одржана по телефон.

Ракетата „Њу шепард“ ќе биде лансирана на 20 јули во Тексас.

Тоа ќе биде пресврт во настојувањата на американскаите компании да покренат нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Во тек е вселенска трка меѓу милијардерите

Основачот на „Блу ориџин“ и директор на „Амазон“, Џеф Безос, е најбогатиот човек на светот и долгогодишен заљубеник во вселената, и се натпреварува со милијардерите како Ричард Бренсон и Елон Маск.

„Да се гледа Земјата од вселената ќе ве промени. Ќе го промени вашиот однос коноваа планета, со човештвото“, рече Безос во видеопорака пред аукцијата, додавајќи дека на патувањето ќе го носи и неговиот брат Марк.

Парите собрани на аукцијата се наменети за добротворни цели, но „Блу ориџин“ се надева дека ќе даде замав на неговите планови да го развие овој вид туризам кој до 2030 година би можел да носи и до 3 милиојарди на година.

Но, Бренсон, основачот на „Вирџин галактик Холдингс“, може да се обиде да му го украде моментот на слава на Безос и да се придружи на пробен тест лет на работ на вселената на 4 јули со неговото летало VSS Unity, се дознава од добро упатени извори.

„Блу ориџин“ и „Вирџин галактик“ како и „Спејс икс“ на Макс, размислуваат и за користење на своите ракети за поврзување на оддалечени градови во светот. Тоа на пазарот би можело да вреди повеќе од 20 милијарди долари, пишува У-бе-ес.