Популарниот бренд Honor планира на 18. мај да ги претстави уредите од Play 5 серијата.
Во вторник ќе го видиме уредот со четири задни камери и OLED екран со засек, во кој е сместена селфи камера од 16MP.
Рендерот на Honor Play 5 е објавен на кинеската социјална мрежа Weibo, откако нешто претходно се појави уште еден приказ на уредот со поинакви камери, но веројатно се работи за два различни смартфона од истата серија, а тоа се Honor Play 5 и Honor Play 5 Pro.
Двата уреда ќе имаат главна камера од 64MP, а за барем еден од нив се споменува 6,53-инчен OLED Full HD+ екран и Dimensity 800U процесор. Уредот повторно ќе биде тенок, неговата дебелина ќе изнесува само 7,46 мм, а тежината 179 грама. Се очекува дека ќе има 8GB RAM и 128GB интерна меморија, но и microSDXC слот.
Исто така, се споменува батерија од 3.800 mAh.