Научниците пронајдоа фосилни остатоци од најстариот африкански диносаурус во Зимбабве, кој живеел пред 230 милиони години.

Mbiresaurus raathi бил висок околу 2 метри, трчал на две нозе и имал долг врат, релативно мала глава со назабени заби во форма на триаголник. Научниците рекоа дека станува збор за вид на sauropodomorph, роднина на сауроподите кои одат на четири нозе.

Скелетот е откриен за време на две експедиции во долината Замбези.

Откритието треба да понуди повеќе увид во еволуцијата и миграцијата на раните диносауруси кога светот бил еден огромен континент.

Фосили биле пронајдени во Зимбабве и претходно, а научниците тврдат дека има повеќе локации за истражување.

Речиси целосен скелет се чува во просторија во градот Булавајо, Зимбабве.