Facebook објави дека го проширува полето на делување на своите алатки за пренос на податоци и на објавите и белешките на социјалната мрежа. Компанијата првпат ја воведе можноста за трансфер на фотографии и видеа, на платформите како што се Google Photos во декември 2019 година, а потоа се прошири на повеќе платформи со текот на време. Текстуалната содржина, сепак, и натаму беше достапна на Facebook – се досега.
Ако сакате да ги префрлите вашите текстуални објави на друго место, Facebook истакнува дека сега како опции можете да ги изберете Google Docs, Blogger или WordPress.com. Баш како и кај останатите видови податоци, кога ќе побарате префрлање, Facebook ќе го извршува во позадина и ќе ве извести со мејл откако ќе биде завршен трансферот.
Исто како и со другите типови на податоци, кога ќе побарате трансфер, Facebook ќе го изврши во позадина и ќе ве извести преку е-пошта по завршувањето на преносот.
Facebook истакнува дека алатката е направена со фокус на приватноста и ќе морате повторно да ја внесете лозинката за да почнете со пренос на податоци. Покрај тоа, податоците се шифрирани во текот на преносот, па љубопитните нема да бидат во состојба да ги видат.
Исто така, Facebook Privacy Progress страницата денеска беше ажурирана за да пружи повеќе информации и транспарентност во својот пристап за заштита на приватноста на корисниците.
Поврзани артикли