Samsung ги засилува напорите да привлече повеќе корисници на iPhone на своја страна. Компанијата лансираше нов сајт, под името „iTest“, што им овозможува на iPhone корисниците да го доживеат Samsung искуството преку веб-апликација, која го симулира Android екосистемот.
Кога корисникот ќе ја посети iTest страницата на Samsung, ќе му биде понудено да се додаде веб-апликација на почетниот екран на својот iPhone. По ова, апликацијата може да се покрене како и секоја друга и да се испробате Android интерфејсот.
Искуството е прилично импресивно и многу добро го прикажува Android и Samsung Galaxy искуството преку веб-апликацијата што се стартува на iPhone. Можно е да пребарувате во Galaxy Store, да менувате теми, да ја истражувате Samsung Camera апликацијата и многу повеќе.
Додека се наоѓате во Samsung iTest апликацијата на вашиот iPhone, ќе добиете и разни симулации на текстуални известувања и телефонски повици за да испробате различни ситуации и начини на комуникација со пријателите. Samsung ја искористи можноста и за промовирање на други производи, како што се Galaxy Buds Pro, Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live.
Очекувано, ова веб-искуство има и некои недостатоци, како што се техничките ограничувања за веб-апликациите, а многу апликации овозможуваат само увид во почетниот екран. Покрај тоа, iTest искуството моментно се промовира само во Нов Зеланд, но сајтот е достапен на глобално ниво.
Можете да го испробате iTest искуството на својот iPhone со посета на сајтот на Samsung на оваа адреса.