Dell претстави четири нови гејминг монитори, кои ќе овозможат игри со високи стапки на освежување на компјутерите и конзолите од следната генерација. Новите монитори поддржуваат променливи стапки на освежување, за да се елиминира цепењето на екранот и да се овозможи пофлуидно гејминг искуство.

Dell S2522HG, познат и како „Dell 25 Gaming Monitor“ има 24,5-инчен рамен Fast IPS панел со FullHD резолуција, брзина на освежување од 240Hz и нуди 1ms G2G одзив. Мониторот поддржува AMD и Nvidia адаптивни sync технологии и покрива 99 проценти од sRGB спектарот на бои. Цената на мониторот не е позната, а на пазарот се очекува од 27 мај.

Потоа, тука се и 27-инчниот S2722DGM и 32-инчниот S3222DGM монитор, кои имаат VA панели, брзина на освежување од 165Hz и QHD резолуција. Моделот од 27 инчи има 1500R закривеност, додека 32-инчниот монитор има 1800R закривеност. Двата модела го поддржуваат AMD FreeSync Premium, а на пазарот се очекуваат од 22 јуни.

На крајот, Dell го претстави и моделот S3422DWG, кој се одликува со 34-инчен закривен VA панел со UWQHD (3440 x 1440p) резолуција и брзина на освежување од 144Hz. Мониторот има AMD FreeSync Premium и VESA DisplayHDR 400 сертификати, а покрива 90 проценти од DCI-P3 спектарот на бои. S2522HG ќе биде достапен во продажба од 27 мај.