Компанијата Sony минатата година покрена иницијативата „Play at Home“, во рамките на која на корисниците на PlayStation конзоли им се поделени големи број бесплатни видео-игри.
Сега, иницијативата Play at Home зема замав, бидејќи Sony соопшти дека споделува дури 10 наслови бесплатно за своите корисници.
Повеќето видеоигри се големи инди остварувања, ABZU, Subnautica, The Witness, а најголемо внимание секако привлекува Horizon Zero Dawn, чиј втор дел го очекуваме ова лето.
Девет од овие бесплатни игри ќе бидат достапни од 25 март и ќе останат бесплатни до 22 април.
Што се однесува до 10. игра, Horizon Zero Dawn, таа ќе биде бесплатна дури на 19 април.
Целосната листа на игри гласи:
- Paper Beast
- Thumper
- The Witness
- Subnautica
- Rez Infinite
- Enter the Gungeon
- ABZU
- Horizon Zero Dawn
- Moss(VR)
- Astro Bot Rescue Mission(VR)
Извор: B92.net