Новиот вид коронавирус, кој научниците го нарекоа „ѓаволски“, се чини дека е посмртоносен, полесно се шири и вакцините можеби не се доволно ефикасни против него, пишуваат светските агенции.
Научниците го означија овој вид, кој доаѓа од Калифорнија, како „ѓаволски“ по нивните алармантни откритија.
Новиот вид се вика Б.1.427 / Б.1.429 и првпат беше забележан во Калифорнија оваа зима.
Варијантата е пронајдена во Данска, Мексико и Тајван.
Научниците внимателно го проучувале и првите откритија предизвикале загриженост.
Во научните трудови е наведено дека лабораториските истражувања откриле дека варијантата е „барем 40 проценти поефикасна во инфицирање на човечки клетки“ во споредба со претходните соеви.
„Ѓаволот е веќе тука. Посакувам да беше поинаку. Но, науката е наука“, рече д-р Чарлс Чи, вирусолог од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско.
Тој и неговиот тим откриле дека ризикот од смрт со овој вид коронавирус е поголем.
Лабораториски студии исто така откриле дека антителата во крвта на луѓето кои претходно биле заразени со корона или биле вакцинирани не делувале толку добро за да го убијат калифорнискиот вид на вирусот корона.
Ова може да значи дека варијантата е потенцијално способна да избегне вакцини или да ја направи нивната ефикасност послаба, велат научниците.
Некои истражувачи кои не беа вклучени во новата студија изјавија дека варијантата во Калифорнија сепак не претставува толку голема опасност како другите варијанти на коронавирусите.
„Не е толку голема работа. Јас сум сè поубеден дека овој вид се пренесува повеќе од другите локално. Но, нема докази што сугерираат дека тој е на ист стадион како и видот Б.1.1.7 на Кент“, рече Вилијам Ханаџ, епидемиолог од Харвард.
Откриено е дека видот Кент, кој стана доминантен во Велика Британија, е до 70% побрзо пренослив и помеѓу 30 и 90% повеќе смртоносен од другите видови на коронавирус.