Научниците откриле четири нови видови на ајкули кои ги користат своите перки за да одат.

Ајкулите биле откриени во индоавстралискиот архипелаг, а истражувачите велат дека се хранат со мали риби и безрбетници. Како што наведува д-р Кристин Даџон, ајкулите се предатори и ги користат своите перки за да одат по морското дно.

“Ајкулите се помали од еден метар и не претставуваат никаква закана за луѓето, но нивната способност да преживеат во средина со ниско ниво на кислород им дава предност во однос на пленот”, вели Даџон.

Ова откритие доаѓа по 12-годишната студија која ја спровеле компаниите “Conservation International”, “CSIRO”, Музејот за природна историја на Флорида, Научниот институт во Индонезија како и индонезиското Министерство за поморство.

“Генетските податоци сугерираат дека новиот вид се развил откако ајкулите се оттргнале од својата првобитна популација, станале генетски изолирани во нови подрачја и се развиле во нов вид. Тоа е единствената адаптација што значи дека можат да ги искористуваат живеалиштата кои другите грабливци не можат. Нивните перки им даваат извонредна предност над нивниот плен како малите ракчиња и мекотелите”, вели д-р Даџон.

Извор: Telegraf.rs