Тинејџерите Муаз Наваз, Данаил Али и Чираг Шах од Велика Британија измислиле кондоми што откриваат полови болести. Кондомот што го измисле 14-годишните момчиња ја менува бојата ако за време на сексот еден од партнерите има полова болст. Боите се различни во зависност од тоа за која болест станува збор. Кондомот е преслечен со посебен слој на молекули, а тие се врзуваат со бактерии или вируси и ја активираат бојата. Зелената боја е за кламидија, жолтата за херпес, виолетовата за ХПВ, а сината покажува сифилис.

Кондомите ги нарекоа S.T.E.Y.E и за овој пронајдок ја добија наградата Teen Tech, наменета за изум на деца од 11 до 16 години, пишува „Дејли мејл“.

„Ние го создадовме S.T.E.Y.E како нов начин за откривање на сексуално преносливите болести за идните генерации. Сакавме да направиме нешто што посигурно ќе ги открива болестите и луѓето многу брзо да преземат нешто за свое лекување и веднаш да посетат лекар“, рекол Али откако ја добиле наградата.