Развојот на електричните патишта со безжично полнење доби уште еден поттик напред. Компанијата Dan Bus Company од Тел Авив ги најави своите планови да инвестира 2,2 милиони долари во ElectRoad. Технологијата на ElectRoad поставува електрични калеми под афалтот за безжично да се полнат електричните возила додека се движат.
Возачите на електрични возила во иднина веројатно нема да треба да се грижат дали ќе стигнат до некоја локација или да застануваат да полнат батерии благодарение на технологијата на ElectRoad. Пред неколку месеци компанијата за менаџирање со инвестиции Biomedix Incubator Limited ги најави своите планови да го купат ElectRoad и склучија договор за соработка со Dan Bus Company. Доколку се оствари спојувањето, Dan Bus Company ќе инвестира 2,2 милиони долари во ElectRoad.
Со технологијата на ElectRoad електричните возила се полнат преку магнетна индукција. Така има нула емисија на гасови, висока ефикасност и ниски трошоци. Велат и дека овој систем овозможува размена на енергија меѓу возила.