Технолошкиот гигант Apple се соочува со тужба која ја покрена кинеската компанија Kon, а која се однесува на наводната кражба на нивното лого.

Компанијата за облека, Kon, го тужи Apple бидејќи смета дека гигантот „го украл“ нивното лого и го користи за App Store.

Kon e основана во 2009 година, а нејзиното лого претставува коски од скелет кои симболизираат моќ над смртта.

Apple го смени логото на App Store во август оваа година и сега логото, според нивното објаснување, се состои од три стапчиња со заоблени краеви кои се прекрстуваат правејќи триаголник. Логото на Kon има сличен дизајн, но краевите на линиите во нивното лого се правоаголни.

Сепак, од Kon тврдат дека тие ги имаат правата над нивното лого, што значи дека Apple ги крши кинеските закони. Кинеската компанија бара Apple јавно да се извини и да им исплати оштета.

Судот во Пекинг веќе го прифати случајот, а пресудата ќе биде донесена за неколку недели.