Xiaomi веќе продава телевизори со својот бренд, а есента минатата година и OnePlus објави дека работи на таков производ, кој ќе го видиме во следните месеци. Уште еден голем кинески производител на мобилни телефони, исто така, го разгледува овој сегмент од пазарот – Huawei. Според информации од кинески медиуми компанијата и нејзината сестринска марка Honor, исто планираат да пуштат паметни телевизори и тоа ќе се случи наскоро. Првиот таков уред ќе го носи името Honor и ќе се појави во април или мај, а моделите со брендот на Huawei ќе излезат во втората половина на годината.

За разлика од предлозите на Xiaomi, Huawei ќе ги позиционира своите телевизори во средниот и висок ценовен сегмент, а димензиите се очекува да започнат од 65-инчи. Моделите со брендот Honor ќе се поевтини и ќе се нудат само на Интернет. Според информациите, Huawei веќе има тим од 200-300 инженери во новиот телевизиски оддел, кој е дел од одделот за „Internet of Things“.

Ако се прашувате зошто Huawei одлучила да прави телевизори, тогаш ова решение е поврзано со желбата за создавање на побарувачка за 5G услуги. Компанијата се надева дека популарноста на 4K и 8K телевизорите ќе доведе до раст во побарувачката на релевантни содржини, а тоа ќе се испорачува најдобро преку брзи 5G мрежи, какви Huawei може да изгради. Се вели дека компанијата ќе создаде екосистем од поврзани домашни производи и телевизорите најверојатно ќе дејствуваат како центар, кој обединува различни уреди.