Xiaomi вчера ја одржа глобалната презентација на својот најнов премиум смартфон – Mi 11. Во текот на декемвриската објава на телефонот за пазарот во Кина, беше претставен и MIUI 12.5 корисничкиот интерфејс, кој сега пристигнува и глобално.
Првата серијата уреди ќе го добие MIUI 12.5 ажурирањето во вториот квартал на 2021. година, а ќе ги вклучува моделите Mi 10T, Mi 10T Pro, Mi 10, Mi 10 Pro i Mi 11. Вториот бран на надградбата ќе додаде уште 11 Xiaomi уреди, а од јуни би требало да го добијат Mi 10 Lite 5G, Mi 10T Lite, Mi Note 10 Pro, Mi Note 10, Mi Note 10 Lite, Redmi Note 9T, Redmi Note 9 Pro, Redmi Note 9S, Redmi Note 9, Redmi Note 8 Pro и Redmi 9.
Распоредот на испораката на ажурирањето за останатите уреди ќе биде накнадно објавен на MIUI.com сајтот, а се очекува дека до крајот на годината уште повеќе Xiaomi и Redmi телефони ќе ја добијат MIUI 12.5 надградбата.
MIUI 12.5 пристигнува со целосно преуреден кориснички интерфејс, кој сега ја намалува употребата на процесорот до 22 проценти, додека потрошувачката на енергија е намалена до 15 отсто.
Уште една битна карактеристика на MIUI 12.5 софтверот е можноста за деинсталација на апликациите во рамките на системот. Поголем дел од апликациите во новиот систем може да се деинсталираат, додека помал број апликации кои се вградени во јадрото на системот можат да се скријат.