Најновиот телефон на HTC, кој се појави во продажба на пазарите во Русија и Јужна Африка, е Wildfire E (познат и како Wildfire E1 lite во другите региони).

Станува збор за достапен Андроид 10 (Go Edition) смартфон, кој се одликува со LCD-екран од 5,45 инчи, Helio A20 чипсет и две камери.

Екранот на уредот е со резолуција HD+, со сооднос од 18: 9. Helio А20 чипот доаѓа во комбинација со 2 GB RAM и 16 GB простор за складирање, што може да се прошири преку microSD картичка.

На задниот дел од телефонот се наоѓа камера од 8MP, заедно со VGA сензор за длабочина, додека ор предната страна е сместена 5MP селфи камера. На задната страна има и сензор за отпечатоци од прсти, а уредот го напојува батерија од 3000mAh.

Цената на HTC Wildfire E lite телефонот во Русија и Јужна Африка изнесува околу 105 долари.