ViewSonic во текот на CES 2021 саемот ја претстави линија нови 32-инчни Elite Gaming монитори, а сите ги краси 144+ стапка на освежување, поддршка за Variable Refresh Rates (VRR) и 99% покриеност на Adobe RGB спектарот на бои.
Elite XG320U е монитор наменет за следната генерација на гејмери. Мониторот има поддршка за HDMI 2.1, AMD FreeSync Premium Pro компатибилност и високи нивоа на квалитетот на сликата, благодарение на IPS гејминг дисплеј. Екранот најверојатно ќе ги поддржува 4K 120Hz VVR опциите на поновите конзоли.
Како и другите 32-инчни IPS модели, претставени од ViewSonic, XG320U нуди MPRT одзив од 1ms, поради што компанијата го нарекува „IPS Gaming Monitor“.
Следниот модел е Elite XG320Q, 32-инчен IPS гејминг монитор со резолуција од 2560 x 1440 (1440p) резолуција. Екранот работи со брзина на освежување од 165Hz и користи DisplayPort и HDMI 2.0 конектори. Како и Elite XG320U моделот, Elite XG320Q поддржува VESA монтирање DisplayHDR 600 стандард.
На крајот, тука е XG321UG, кој е G-Sync Ultimate монитор со поддршка за 4К до 144Hz стапка на освежување, користејќи го DisplayPort 1.4. Овој модел го користи Nvidia G-Sync модулот и нуди VESA DisplayHDR 1000. XG321UG има поддршка за HDMI 2.0, што екранот го лимитира на 4K @ 60Hz.
Сите наведени ViewSonic Elite Gaming монитори ќе бидат достапни на пазарот во текот на летото, а цената не е објавена.