Компанијата Xiaomi претстави два нови уреди за светскиот пазар, а тоа се Poco F4 и Poco X4 GT.

Poco F4 е претежно ребрендиран Redmi K40S, придвижуван од процесор Snapdragon 870, има OLED екран, глава за камера со оптичка стабилизација и поддржува брзо жичено полнење. Неговата цена е 399 евра.

Што се однесува до Poco X4 GT, тој чини 379 евра, а има процесор MediaTek Dimensity 81000, LCD екран од 6,6 инчи со стапка на освежување од 144 Hz, батерија со голем капацитет и поддржува брзо жично полнење.

Процесорот Snapdragon 870 во моделот F4 е преземен од моделот Poco F3 и поддржува 5G мрежа. Доби 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1.080p и стапка на освежување од 120Hz, а назад има главна камера од 64 MP со оптичка стабилизација, што не е вообичаено за уредите од средната класа. Заедно со оваа камера, има и ултра широка 8 MP и макро камера од 2 MP.

Смартфонот се напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W, додека полначот доаѓа во пакет. Во комбинација со 6 GB RAM, Poco F4 делува и се однесува како многу поскап телефон, но се оддава со сјајна пластична задна плоча, како и страничен сензор за отпечатоци. Овој уред го користи скинот Miui 13 на Xiaomi преку Android 12.

Poco X4 GT е повеќе фокусиран на игри, има 8 GB RAM и LCD екран од 144 Hz кој не е толку „богат“ како OLED, но има повисока стапка на освежување и побрз touch sampling rate. Се напојува со поголема батерија од 5.080 mAh која поддржува брзо полнење од 67 W, а полначот доаѓа во пакет. X4 GT користи главна камера од 64 MP, но без оптичка стабилизација на сликата.

Телефонот веќе ја има инсталирано играта Genshin Impact која функционира совршено. Сепак, по неколку минути, уредот се загрева, но не премногу бидејќи технологијата за ладење на Xiaomi прави добра работа.

Новите модели на Poco се пуштени во продажба во Азија, Европа и Велика Британија од 27 јуни.

Poco 4 со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чини 399 евра, додека верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 449 евра.

Цената на моделот Poco X4 GT со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија е 379, а верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија ќе чини 429 евра.