Апликацијата наречена Vybe Together, која промовираше приватни забави за време на пандемијата е отстранета од Apple App Store, а присуството на оваа апликација e прочистено и ширум интернетот
Vybe Together беше платформа што го охрабруваше дружењето за време на пандемијата. Организаторите на таканаречените „корона забави“ одобрувале кој да дојде на забавата преку апликацијата, а оние со одобрување два часа порано ја добивале адресата на која ќе се одржи настанот.
Повеќето од овие забави беа нелегални со оглед на сегашните епидемиолошки ограничувања, но исто така и оние што беа на сила на почетокот на пандемијата. Затоа, Apple тивко, во тајност, ја отстрани апликацијата од App Store, што беше потврдено за The Verge.
Апликацијата Vybe Together има илјадници корисници, додека уште неколку илјади заинтересирани лица побарале пристап до апликацијата откако видеа од забавите организирани преку апликацијата на Apple започнаа да се појавуваат на TikTok.
Some terrible people built a whole app for finding and promoting COVID-unsafe large, indoor house parties and they’re using TikTok to market it to millions of ppl. pic.twitter.com/zYhBiFH4vR
— Taylor Lorenz (@TaylorLorenz) December 29, 2020
Vybe Together привлече посебно внимание откако репортерот на New York Times, Тејлор Лоренц, ја критикуваше апликацијата на Twitter, опишувајќи ја како „место за наоѓање и промовирање на несигурни и големи корона забави“.
Извор: Klix.ba