Samsung Galaxy S21 е веќе достапен за резервација, а со телефоните доаѓаат и разни додатоци, меѓу кои се и заштитните куќишта/маски. Еве што се ќе биде достапно за Galaxy S21 серијата.

Веќе имавме прилика да видиме рендери од Квадрат куќиштата, кои користат ткаенина од рециклирани материјали. Оние кои повеќе сакаат метал, на располагање го имаат Rugged Standing Cover, со вграден сталак.

Интересно е дека овие маски го прекриваат камера модулот, што е необично, со оглед на тоа што токму овој модел го прави единствен дизајнот на Galaxy S21. Исто така, доколку сакате да го покажете дизајнот во два тона, ќе морате да изберете Clear маска. Тука се и кожните маски, така што на корисникот му е достапен голем избор на материјали.

Samsung ќе објави и потрадиционални S-View Flip Cover и LED Wallet Cover модели на заштитни куќишта.

Се очекува дека Galaxy S21 серијата ќе биде официјално претставена кон средината на јануари, а ќе ја сочинуваат стандардниот Galaxy S21, Galaxy S21+ и премиум Galaxy S21 Ultra со поддршка за S-Pen паметното пенкалце.