За време на медиумскиот настан во Пекинг, Xiaomi покрај премиум телефонот Xiaomi Mi 11, ја претстави и најновата верзија на својот прилагоден кориснички интерфејс – MIUI 12.5. Се работи за наследник на MIUI 12, а имплементира значителни подобрувања на приватноста, оптимизации за управување со апликациите, можност за примање известувања и работа на поврзаните уреди со Windows.
Компанијата посочи дека иако името сугерира помала надградба, се работи всушност за голем чекор напред и она што ќе ги покренува телефоните на компанијата во 2021 година.
Новиот MIUI 12.5 пристигнува со подобрена естетика и визуелен дизајн. Back-end развојот вклучуваше преработка на главната структура, така што MIUI 12.5 користи 20 проценти помалку меморија и троши 25% помалку батерија во текот на работата (употребата на меморијата во позадина се намалува во просек за 35%). Кога станува збор за апликациите, се добива само помал број од преинсталираните апликации за поставки, камера и повикување, така што нема друг bloatware.
Како и кај MIUI 11 и MIUI 12 верзиите, има уште една нова динамична позадина. Постојат и повеќе прилагодувања на големините и звуците, а сè е инспирирано од различните области низ светот.
Кога станува збор за безбедноста, MIUI 12.5 ќе ги спречува апликациите да пристапуваат до корисничката локација, приватните податоци, clipboard и нема да чува лозинки и други чувствителни информации.
За првата затворена бета верзија на новиот софтвер, подобни се повеќе Xiaomi телефони, а ќе можат да се приклучат сите Mi 10 уреди, Redmi K30, како и некои Redmi Note 7 верзии и Xiaomi Mi 9 линијата. Бета верзијата е достапна само во Кина.