MSI претстави 23,8-инчен Full HD гејмерски LCD монитор, со брзина на освежување од 144Hz и време на одговор од 1ms. Мониторот го носи името Optix G242.

Optix G242 користи IPS панел, со агли на гледање од 178 степени хоризонтално и вертикално. Екранот е компатибилен со Nvidia G-Sync и поддржува 94,6% од DCI-P3 спектарот и 127,7% од sRGB. Осветленоста е 250 нита, а контрастот изнесува 1000:1.

Покрај тоа, мониторот има функција за заштита на очите, како што е Anti-Flickr, која спречува треперење и намалување на сината светлина, што ја намалува емисијата на сино светло.

Од опциите за поврзување, MSI Optix G242 користи DisplayPort 1,2 x 1, HDMI 1,4 x 2 и приклучок за слушалки. MSI не ја објави цената и достапноста на мониторот.