Засновано на протечените CAD прикази за Samsung Galaxy S21+, што се појавија пред еден месец, Pigtou и @xleaks7 сега ни нудат целосни 3D скици, кои ни даваат подобар увид во можниот дизајн на Galaxy S21+ телефонот.
Фотографиите укажуваат на тенки и симетрични рамки, исклучително мал отвор за предната камера и необичен модул за камерите на задната страна. Се верува дека димензиите на телефонот изнесуваат 161,55 x 75,6 x 7,86 милиметри. Доколку е тоа точно, не очекува речиси идентична големина како кај Galaxy S20+ моделот, што сугерира дека гласините за 6,7-инчен екран би можеле да бидат точни.
Потребно е да се истакне дека презентираните прикази се засновани на неофицијални CAD рендери и дека конечниот дизајн на Galaxy S21+ телефонот би можел да биде поинаков.
На објавата на овие скици реагираше реномираниот дојавувач Ice Universe, кој истакна дека задната страна на уредот од приказите е точна, додека предниот дизајн не е во целост прецизен. Тој објави и сопствен рендер, кој покажува нешто подебели и не толку симетрични рамки.
The design of this Galaxy S21+ is very beautiful, especially the back, but the front is inaccurate. For the front design, please refer to the fourth picture. pic.twitter.com/0C0Ocm036C
— Ice universe (@UniverseIce) December 1, 2020