Доколку се прашувавте какви ќе бидат последиците од удар на астероид на одредена локација, сега можете да дознаете благодарение на веб апликацијата.

Станува збор за веб-апликација наречена Asteroid Launcher, која по избор на параметри како дијаметар, брзина и агол на удар на астероидот, а потоа и локацијата, дава неколку податоци за последиците.

Поточно, прикажани се резултати кои ја вклучуваат големината и длабочината на кратерот, брзината со која астероидот би удрил во Земјата, како и силата во споредба со експлозијата на еквивалентно количество ТНТ.

Симулацијата е многу подетална бидејќи прикажува податоци за можниот број на загинати и повредени, материјална штета и друго.