Кога се во прашање мобилните уреди, амбициите на Apple на полето на дисплеи осетливи на притисок, во голема мерка замреа, а ова може да се каже и за носечките уреди на компанијата. Меѓутоа, кога се во прашање MacBook Pro лаптопите, ситуацијата би можела да биде поинаква.
Според неодамна откриен патент, се сугерира дека Apple бара начин да го имплементира Force Touch во Touch Bar делот на MacBook Pro уредите. Моментно Force Touch е присутен во MacBook латопите преку тракпадот, а Apple го отстрани и физичкиот клик на тракпадот и го замени со хаптички сензор, со што му се дадени Force Touch можности.
Би било интересно доколку Force Touch би бил имплементиран во Touch Bar, а останува да се види колку ова би влијаело на интеграцијата со iPhone, бидејќи нема сите апликации да можат да ги искористат предностите на споменатата технологија.
Секако, со оглед на тоа дека се работи само за патент, не постојат гаранции дека истиот ќе стане дел од конкретен производ што ќе биде пласиран на пазарот.