Се очекува дека Apple во текот на септември ќе ја претстави Phone 13 серијата телефони, но пред тоа овие уреди ќе мораат да поминат различни сертификации.

Токму еден таков сертификат Apple за својата претстојна линија телефони доби од EEC (Eurasian Economic Commission), кој ги открива броевите на модели на новите уреди.

Наведени се броевите на модели: A2628, A2630, A2634, A2635, A2640, A2643 и A2645. Сите уреди работат под iOS 14 латформата и тоа се сите информации од листингот.

Се очекува дека Apple ќе ја ажурира комплетната Phone 12 сeрија (вклучувајќи го и мини моделот), а сите телефони ќе добијат 5nm A15 чипсет и редизајниран засек од предната страна. Pro моделите би требало да имаат 120Hz LTPO OLED екрани, додека стандардните модели ќе имаат 60Hz панели.

Сите телефони од iPhone 13 серијата би требало да добијат нови ултрашироки камери, со f/1.8 оптика, додека Pro моделите ќе добијат сензори за менување на стабилизацијата и на главниот и ултраширокиот камера модул.

Претходните гласини ги споменуваат и батериите на новите Phone модели, па мини би требало да има 2406mAh, додека 13 и 13 Pro моделите ќе имаат 3095mAh батерии. Pro Max би можел да добие 4352mAh батерија, што би бил најголем капацитет на некој iPhone досега.