Intel неодамна ги претстави спецификациите на својот Rocket Lake-S процесор од следната генерација, што е дизајниран да овозможи подобрени перформанси и понови технологии како што е PCIe 4.0. Меѓутоа, се уште не ги видовме првите 10nm процесори за десктоп корисниците.
Сега, благодарение на изворите од сајтот VideoCardz, ја имаме првата фотографија од Intel Alder Lake процесорот од следната генерација. Тоа ќе биде биде првата архитектура креирана во 10nm SuperFin архитектура на компанијата. Покрај тоа, се очекува и префрлање на технологијата од следната генерација, како што се PCIe 5.0 и можеби DDR5.
Уште еден пристап ќе биде адаптацијата на Intel на ARM big.LITTLE структурите на јадра. Процесорот ќе има неколку „мали“ јадра за извршување полесни задачи, додека „големите“ јадра ќе бидат задолжени за потешко процесирање. Сето ова ќе бара и ново подножје за процесосот, а тоа ќе биде LGA1700.
Поврзани артикли