Google ќе претстави нови модели на паметни телефони во септември, но ќе има и лоши вести за корисниците, бидејќи Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе пристигнат без полнач во пакетот.

Компанијата го објави новиот модел Pixel 5a 5G, а обезбеди и информации за моделите Pixel 6 што ќе ги претстави наскоро.

По примерот на Apple и Samsung, Google нема да обезбеди полначи со телефоните.

Новиот Pixel 5a 5G е најновиот модел на телефон на Google кој ќе има полнач во пакетот, а тој ќе биде и последниот од понудата на компанијата.

Отсега Google повеќе нема да дава полнач со телефони, бидејќи повеќето луѓе веќе поседуваат USB-C полнач.