Познатиот синџир на супермаркети Walmart се откажа од користење на роботи и работата повторно им ја врати на луѓето.

Walmart ја „отпушти“ својата флота роботи, бидејќи со анализа било востановено дека луѓето подобро ја извршуваат работата, кога станува збор за следење на состојбата на полиците.

Во 2017. година почаа тестирања на целосно автономните роботи на компанијата Bossa Nova Robotics во продавници на 50 Walmart. Роботите можат да скенираат неколку продукти одеднаш и да ја користат 3D технологијата за избегнување на пречките. Идејата била роботите да ја следат состојбата на пополнетоста на полиците, цените, погрешно позиционираните артикли и така да им помогнат на луѓето и всушност да ги намалат трошоците на работа.

Меѓутоа, во текот на карантинот воведен поради пандемијата, Wallmart востанови дека луѓето кои работат на собирањето онлајн нарачки, исто така, добро собираат податоци за залихите, па поради тоа работата на роботите повторно им ја довери на луѓето.

Директорот на Wallmart беше загрижен како ќе реагираат купувачите, кога ќе ги видат роботите како се движат помеѓу рафтовите.

Роботите како правосмукалката Roomba, што ги чисти подовите и натаму се многу корисниц, но оние кои ја следат состојбата на полиците ќе мораат работата да им ја вратат на луѓето.

Сепак, експериментот не беше безначаен, бидејќи се собрани бројни корисни податоци за технологијата, но и корисничкото искуство.