Компанијата Leap Motion претстави апликација која може да го промени користењето на екраните на допир. Со апликацијата TouchFree се овозможува користење на овие екрани без директен допир. Командите се прават на „екран“ во воздух кој се наоѓа над вистинскиот екран.
Апликацијата користи камера и софтвер за движење на рацете за да го овозможи користењето на екраните без вистинско допирање. Апликацијата е дизајнирана за да работи со секакви екрани на допир, без нивна промена.
Екраните на допир се секојдневие за користење на станици, во хотели и аеродроми или музеи. Но анкетите покажуваат дека поради пандемијата, дури 80% од луѓето сметаат дека ваквите екрани на јавни места се нехигиенски, а само 50% од потрошувачите повторно би користеле вакви екрани. Затоа апликацијата би можела да биде решение на проблемот.