Сте се запрашале ли дали нештата ќе беа поинакви доколку планетата Земја се движеше во спротивна насока?

Порталот BBC Future им го постави прашањето на научниците, кои открија интересни податоци за ротацијата на Земјата.

Ако стоиме на Екваторот, Земјата под нас се движи со брзина од 1.670 километри на час, што влијае на движењето на брановите и струењето на воздухот. Кога планетата би го променила правецот на ротирање, Сахара би била една од најдождливите подрачја на Земјата, калифорниските пустини би биле влажни, а мочуриштата на Флорида целосно ќе пресушат.