Деталите и информациите за процесорите на Intel од осмата генерација веќе некое време се познати, а сега благодарејќи на интернет страницата GFXBench пристигнуваат детали за своевидно освежување во рамките на седмата Kaby Lake генерација процесори.
На споменатата страница се појавија информации за мобилниот процесор Core i7 8650U. Се работи за процесор, кој како што е наведено, и натаму се базира на актуелната Kaby Lake архитектура, а не на новата Cannon Lake архитектура од осмата генерација. Процесорот работи на такт од 1,90 GHz, но сосема е сигурно дека ќе содржи одредена варијанта на Turbo опција за зголемување на работниот такт.
Ќе биде произведен во се уште актуелниот 14-нанометарски производен процес и на пазарот би требало да се појави во втората половина од годината. Што се однесува до интегрираната графика, се споменува HD Graphics 620.