Се појавија гласини дека Lenovo планира да влезе на пазарот на матични плочи, на кој компанијата ќе се соочи со конкуренција како ASRock, ASUS, Gigabyte и MSI.

Објавена е фотографија која прикажува матични плочи со Lenovo Legion брендирање. Плочите имплементираат формат кој не е стандарден и ја поддржуваат Intel 300-серијата и  Intel 400-серијата чипсети.

Иако многумина ќе помислат дека ова е навестување дека Legion влегува на пазарот на десктоп матични плочи, кои ќе им бидат достапни на мејнстрим корисниците на десктоп корисниците, голема е веројатноста дека се работи за плочи кои Lenovo ќе ги користи во идните OEM PC системи.

На ова укажува форматот на матичните плочи, кој не е стандарден, како и целосниот дизајн. Плочите имаат минимални I/O опции, додека Legion-брендираниот проводник на топлина е премногу поедноставен за да се користи од DIY корисниците на матични плочи.

Останува во текот на претстојниот период да се види во кој правец размислува Lenovo и на кој сегмент на пазарот ќе бидат наменети евентуалните Legion матични плочи на компанијата.