Кога опцијата за повлекување на испратените пораки пристигна во Messenger, многумина се израдуваа, бидејќи беше додадена можност за бришење на брзоплето испратените пораки.

Сепак, т.н. Unsend опција направи контроверзна ситуација, односно тоа го направи Facebook, воведувајќи оцпија за чување на повлечените пораки до 14 дена.

Unsend функцијата така што ја задржувате испратената порака во конверзацијата во група или еден на еден, ќе кликнете Remove и ќе ја изберете можноста Remove for Everyone. Сепак, откако опцијата стана достапна за сите, Facebook го објави и начинот на кој таа функционира.

Малку е да се каже дека многу корисници се изненадени од одлуката на Facebook и Messenger тимот да се одлучат за вакво нешто, но Facebook не ги брише отстранетите пораки во целост! Имено, Unsend опцијата ја отстранува пораката од екранот за сите корисници на четот и нема да може да биде достапна за неговите учесници понатаму.

Но, ако четот во кој е повлечена пораката од било која причина биде пријавен за проверка или истрага – Facebook ќе ги прикаже и тие пораки. Тоа значи дека мрежата не ги брише тие пораки, туку ги чува во системот, како што јасно стоиу во објаснувањето на опцијата – до 14 дена!

Компанијата смета дека на тој начин ги штити корисниците од мелверзации и различни лоши влијанија, како што се сајбер насилството, говор на омраза и слично. На пример, ситуациите во кои некој ќе ги навреди другите членови на четот, па го избрише напишаното. Доколку четот биде пријавен за проверка, пораките од навредите ќе бидат видливи.

Иако ова во суштина е добра опција, толку е и лоша, бидејќи Facebook не ги брише пораките во целост и ги чува во својот систем до 14 дена, без оглед на тоа дали пораките се повлечени од добра или лоша намера.

Сега кога знаете како функционирa Unsend опцијата, внимавајте и на кој начин ја користите.