Apple во текот на следната година може да објави iPad Pro со поддршка за безжично полнење, објави познатиот аналитичар Марк Гурман од Bloomberg. Компанијата во моментов работи на нови модели на iPad Pro и iPad mini.

Apple се очекува да го замени алуминиумското куќиште со стакло на задната страна од Pro верзијата, нешто слично како кај актуелните модели на iPhone, делумно за да обезбеди поддршка за безжично полнење. Покрај тоа, новиот iPad mini ќе има потенки рамки и ќе се отстрани популарното “home” копче.

Гурман не објави премногу детали за мини моделот, но истакна дека Apple го тестира MagSafe системот за iPad Pro. Покрај тоа, компанијата ги истражува можностите за обратно безжично полнење за Pro моделите, што ќе им овозможи на корисниците да ја користат енергијата на уредот, за полнење на други гаџети.

Покрај споменатите таблет уреди, Гурман сугерира дека Apple подготвува и подостапен iPad за студенти, кој би можел да се најде во продажба во текот на оваа година.