Apple на 15. септември ќе одржи дигитална презентација што ќе биде одржана виртуелно и во текот на која се очекува претставување на нови производи.
Иако многумина се понадеваа дека компанијата од Купертино на овој настан би можела да ја претстави новата iPhone 12 линија, изгледа дека тоа ќе биде резервирано за месец октомври. Во текот на презентацијата на 15. септември, Apple најверојатно ќе се фокусира на Apple Watch и iPad.
Apple Watch Series 6 речиси сигурно ќе биде објавен, со фокус на работниот век на батеријата на паметниот часовник, додека следењето на сонот е една од главните функции во watchOS 7 верзијата на платформата.
Apple планира да претстави и надградена верзија на iPad Air, што ќе ги има некои од карактеристиките на iPad Pro, односно поголем 10,8-инчен екран со помали рамки околу дисплејот. Во текот на претстојниот настан би можело да стане збор и за помоќен Apple TV уред, Mac компјутери со Apple процесори и нови AirPods слушалки.