Првиот знак дека во вашето тело се формираат крвни грутки може да биде смртоносен.

Тромбот може да биде исклучително опасен по животот, од крвните патишта се шири по цело тело и може да го нападне срцето, мозокот и другите органи и да доведе до фатален исход.

Кога тромбот ќе ја запуши артеријата, мозокот, срцето и белите дробови престануваат да добиваат кислород и како последица на тоа може да доживеете срцев или пак мозочен удар.

Ова се симптомите кои покажуваат дека мора да посетите доктор:

Отекување – ова може да се случи на истото место каде што се развил тромбот;

Болка – Како што состојбата се влошува, така ќе чувствувате сè повеќе болка;

Тешко дишете – доколку се случи ова може да значи дека тромбот се преместил од раката или ногата во вашите бели дробови. Може да се појави кашлица или пак крв при кашлање;

Грчеви во долниот дел од ногата – ова чувство се појавува доколку тромбот се развил во ногата.

Кога тромбот се јавува во близина на срцето, се појавуваат следните симптоми:

Силна болка во рацете и прстите;
Потење;
Потешкотии со дишењето.

Тромбот може да стигне и до мозокот и да предизвика мозочен удар.

Внимавајте на овие симптоми:

Потешкотии во видот и говорот и
Малаксаност.